Екстремно високите температури ќе продолжат во поголемиот дел од Медитеранот и следната недела, додека високите температури низ јужна Германија и Алпите ќе го задржат притисокот врз Рајна.
Температурите се очекува да достигнат до 44 степени Целзиусови степени (111,2 F) во автономната шпанска покраина Андалузија во среда, што го натера националниот синоптичар Аемет да издаде предупредување за „екстремен ризик“ за регионот. Топлинската купола што се протега од Сахара ќе биде присутна и низ Италија и на Балканот, со температури до 7 Целзиусови над нормата во следните 10 дена, според „Махар Технологис“ (Maxar Technologies)
Прочитај повеќе
Екстремно високи температури се очекуваат во Европа
Во следните 10 дена топлинската купола што се протега од Сахара ќе биде присутна во Италија и Балканот со температури до 7 Целзиусови над нормата
12.07.2023
Прехранбениот систем се менува: Што значи тоа за инвеститорите?
Тој нема да биде функционален за нашата планета и нема да ги задоволи нашите потреби за потрошувачка од различни причини
09.07.2023
На 3 јули измерена највисоката просечна температура во светот
Просечната глобална температура достигна 17 Целзиусови степени (63F), што е за мал процент над последниот рекорд од 16,9 Целзиусови степени, измерен во август 2016 година, според податоците на Националниот центар за предвидување на животната средина.
05.07.2023
ЕУ ја разгледува блокадата на сончевите зраци како решение за климата
ЕУ ќе се приклучи на меѓународните напори за да процени дали големи интервенции, како што е одбивањето на сончевите зраци, би дале позитивни резултати.
27.06.2023
Зеленото кредитирање расте, Народната банка презема мерки за поддршка
Зголемувањето на свесноста за климатските промени се дел од стратегиските цели на НБРМ
24.06.2023
Западна Европа погодена од високи температури
Високите температури ќе се задржат низ Северна и Западна Европа во наредните недели.
13.06.2023
По рекордните температури минатата година, климатските промени носат уште едно лето со екстремни временски услови во Европа, ставајќи ја енергетската и транспортната инфраструктура под притисок. Тоа се случува откако глобалните температури урнаа рекорди на почетокот на овој месец, загрозувајќи го здравјето на милиони луѓе од Кина до Тексас и ги ставија сите ресурси во ризик како што е водата.
Температурите достигнаа до 34 степени Целзиусови во сабота во Франкфурт, повеќе од 5 степени над просекот за сезоната, според синоптичарот Максар. Топлината во Рим ќе достигне 36,5 степени Целзиусови во вторник, а повисоки температури се прогнозираат за Сардинија и Сицилија, додека пак во Велика Британија, времето ќе остане посвежо од вообичаеното во следните 10 дена, во Лондон се измерени температури 4 степени Целзиусови под сезонската норма.