Распродадени се речиси сите влезници за премиерата на големата летна филмска двојка - филмовите „Барби“ и „Опенхајмер“ во „Синеплекс“ во Скопје, потврдуваат оттаму за „Блумберг Адрија“. На утрешната премиера „Барби“ ќе се емитува во десет сали во различни термини, а пригодно за денот е планирано да има и таканаречена програма „Лејдис најт“. Розовата комедија со Маргот Роби во главната улога се очекува да го надмине црно-белиот биографски филм за создавањето на атомската бомба, барем поради приходите од благајните и маркетиншката стратегија што предизвика да се продаваат стотици поврзани производи.
Светската премиера на филмот на „Ворнер брос“ (Warner Bros.) се одржа на 9 јули во Лос Анџелес, а во Македонија за првпат ќе биде прикажан в четврток, на 20 јули. Од студиото за дистрибуција на филмови „Блиц филм“ (Blitz Film) за српската редакција на „Блумберг Адрија“ изјавиле дека глобалната кампања е неверојатна, но и дека на локално ниво во земјите од регионот е најсилна во последните неколку години.
„Интересот за филмот за Барби го докажува и бројот на однапред продадени (и резервирани) билети во сите земји од регионот неколку дена пред отворањето на филмот, со тоа што бројките се менуваат од минута на минута како што се приближуваме до премиерите“, вели дистрибутерот. Според нивните податоци, досега се продадени над 30.000 билети во целиот регион (Србија, Црна Гора, Хрватска, Словенија, Албанија, Босна и Македонија).
Прочитај повеќе
Светот на Барби повторно ги диктира модните трендови
Денес постојат кукли Барби во девет различни телесни типови и со 35 бои на кожата, а пред извесен период се претставени и трансродова и Барби со Даунов синдром.
19.07.2023
„Барби“ и „Опенхајмер“ како најпопуларна двојка за ова лето
„Барбенхајмер“ не е само мемe.
12.07.2023
Од „Синеплекс“ потврдуваат дека буквално „се лудува“ за влезница плус. Билетите се продаваат по редовни цени.
Филмот секако беше вистинско богатство за производителот на играчки, сопственик на брендот „Мател“ (Mattel Inc), бидејќи лудоста ја оживеа продажбата на кукли Барби и други играчки. Таа компанија ја објави првата кукла Барби пред 64 години, кога Американката Рут Хендлер ја дизајнира и ја нарече по својата ќерка Барбара. Оттогаш компанијата продаде милијарди кукли, кои станаа најпрофитабилната линија на компанијата. Како што знаеме сите, подоцна Барби оживеа во филмови и видеоигри, а веројатно можеше да се најде во секој агол од собата на девојките - од облека, модни додатоци, до шминка, патики, парфем.
Сепак, според „Блумберг“, продажбата на кукли Барби драстично се намали од 2014 до 2016 година. Пандемијата го промени и тоа, па „Мател“ продаде кукли и додатоци за Барби во вредност од 1,35 милијарди долари во 2020 година, и тоа беше нивниот најдобар раст на продажбата во последните две децении.
Филмот предизвика бура меѓу обожавателите иако сè уште не го гледале - насекаде владее „барбиманија“. Модниот тренд во „жешкорозова“ боја има дури и свое име - барбикор.
Сега прават сè што можете да замислите во розовиот дизајн на Барби - освен класиците, како маици и јакни, сега има специјални барби-четки за заби, ролери, сладолед, бои за коса, јакни за кучиња - па дури и крокс.
Можеби најчудната соработка е онаа со „Бургер кинг“, која доведе до производство на розови хамбургери. Сепак, тие се достапни само во Бразил.
Во трговскиот центар „Ситимол“ владее розовата боја, а некои од продавниците за облека продаваат посебни колекции „Барби“, секако во лимитирани изданија. Такви има во „Зара“, „Страдивариус“, „Вомен сикрет“...
Барбенхајмер
Филмот директно ќе донесе многу пари, веројатно повеќе од филмот „Опенхајмер“, кој исто така има премиера истиот ден и го прикажува животот на американскиот научник и неговата улога во развојот на атомската бомба. Додека многу обожаватели со нетрпение го очекуваат биографскиот филм, во кој глуми Силијан Марфи, „Барби“ треба да продаде повеќе билети во целина.
Според најконзервативните процени на Боксофис про (Box Office Pro), „Барби“ ќе заработи најмалку 85 милиони долари во првата недела, во споредба со 45 милиони долари што се очекуваат за „Опенхајмер“.
„Претпродажбата за долгоочекуваната адаптација продолжува да импресионира, надминувајќи ја ’Малата сирена’ со значителна разлика“.
Додека „Барби“ носи со себе еден вид носталгија за девојчињата и жените што си играле со кукли кога биле мали, филмот е адаптиран за публиката од 21 век поради неговите феминистички линии и инклузивни карактеристики. Сепак, Кен, кој го игра Рајан Гослинг, е споредна улога, а Барби сега има изданија на кукли во девет различни типови на тело, 35 тона на кожата и неодамна лансирана Барбика со Даунов синдром.