text size
Барбара Милисент Робертс е целото име на Барби. Според достапните податоци, родена е на 9 март 1959 година во (фиктивниот град) Вилиож во Висконсин, САД. Партнерот Кен го запознала во 1961 година. Нејзина омилена боја е барби-розова (Barbie Pink - PMS 219). Барби има променето над 200 кариери: астронаутка, пилотка, пожарникарка, новинарка и претприемачка. Патувала во вселената во 1965 година, четири години пред човекот да стапне на Месечината. Во 1973 година спасила многу човечки животи како хирург, во време кога мал број жени биле дел од операционите сали. Сепак, во тие години, и покрај неверојатните придонеси за човештвото, феминистките не ја сакаа поради нереалните идеи за изгледот на телото, поддржувањето на родовите стереотипи и форсирањето на стандардната убавина што ја негира различноста. Во актуелниот филм на Грета Гирвиг, посветен на нејзиниот живот, интригата за влијанието што може да се создаде станува сè поголема.