Церемонијата на доделување на наградите „еми“, најпрестижната американска телевизиска награда, е одложена за речиси четири месеци, објавија во четвртокот организаторите, додека штрајкот на актерите и сценаристите во Холивуд продолжува.
Доделувањето на наградите „еми“ требаше да се одржи на 18 септември, но е одложено за средината на јануари 2024 година, напишаа во заедничката изјава медиумската мрежа „Фокс“ и Телевизиската академија.
„Задоволство ни е да објавиме дека 75-то доделување на наградите „еми“ ќе се емитува в понеделник, 15 јануари 2024 година“, изјави портпаролот на американската телевизиска мрежа што ќе ја пренесува церемонијата.
Прочитај повеќе
Вештачката интелигенција го извади на виделина лицемерството на Холивуд
Овде лежи и една од причините за штрајкот на филмските работници.
22.07.2023
Холивудските актери и сценаристи започнаа со заеднички штрајк
Штрајковите на актерите и сценаристите ќе ја запрат американската филмска и ТВ продукција, со исклучок на реалити програмите без сценарио
14.07.2023
Холивудските сценаристи на штрајк, многу серии може да бидат одложени
Сценаристите на некои од најпопуларните серии и емисии од Холивуд од вторник нема да бидат на своите работни позиции.
02.05.2023
Ова е најважниот радио-телевизиски настан од почетокот на штрајкот на актерите и сценаристите, каков што во Холивуд не е виден од 1960 година. „Еми“ последен пат беа одложени во 2001 година, по терористичките напади на 11 септември.
По повеќе од 100 дена штрајк, претставниците на сценаристите и филмските студија сè уште не се договориле за подобри хонорари и надоместоци за содржината произведена за стриминг-услугите, односно за прописи на примената на вештачката интелигенција во индустријата. Во јули актерите се приклучија на штрајкот и му зададоа нов удар на Холивуд.
Потсетуваме дека најголемиот дел од филмската и сериска продукција е стопиран, а незасегнати главно останаа сапуниците на кабелските мрежи и риалити-програмите. Новите сезони на популарни проекти, како што се „Чудни нешта“ (Stranger Things) и „Еуфорија“ (Euphoria), би можеле да бидат одложени за неколку години. Покрај тоа, актерите нема да учествуваат во промотивни настани или споредни проекти за време на штрајкот.
Пролонгирањето на претпродукцијата и продукцијата резултира не само со одложувања туку и со помалку проекти во индустријата.