Почитувани читатели,
„Блумберг Адрија“ продолжува да воведува нови производи, од кои првиот е месечниот преглед на извештаите на нашиот истражувачки центар.
Отсега, секој прв вторник во месецот на вашата е-пошта ќе добивате билтен со резиме на извештаите објавени на mk.bloombergadria.com/insight, страница специјализирана за содржина создадена од нашиот тим на аналитичари. До целата анализа ќе можете да пристапите преку линкот наведен под секоја тема. Покрај тоа, билтенот ќе ги содржи и клучни пораки од најновите коментари на нашите аналитичари на www.bloombergadria.com.
Во рамките на овој билтен, ќе можете директно да контактирате со нашите аналитичари преку е-пошта за дополнителни информации за опфатената тема. Нашата цел е да обезбедиме континуиран проток на клучни информации за донесување деловни одлуки.
Андреј Кнез
Главен аналитичар на „Блумберг Адрија“
Потврден солидниот раст на економиите на регионот Адрија во 2023 година
Земјите од регионот Адрија одржуваат солидни стапки на раст во 2023 година, што ја потврдува нашата претходна проценка. Основата на солидниот раст се потрошувачките основи: номиналниот раст на платите е двоцифрен и, заедно со слабеењето на инфлацијата, резултираше со враќање на растот на реалните плати. Вработеноста се зголемува, а земјите бележат рекордно ниска невработеност. Странската побарувачка е нестабилна, а најголемиот негативен ризик доаѓа од „моторот“ на европската индустрија – Германија. Монетарните политики продолжија да се заоструваат, што придонесе за сузбивање на инфлацијата, но не целосно, па се очекуваат натамошни активности до крајот на годината. (Целата анализа ТУКА)
Подготви Иван Одрчиќ
Нова парадигма зад силниот раст на платите
Платите во земјите од регионот Адрија растат најбрзо во најмалку десет години. Двоцифрениот годишен раст на платите е поддржан од зголемувањето на продуктивноста, односно корпоративната бруто добивка по вработен. Покрај продуктивноста, важен фактор беа и демографските промени во регионот Адрија, но поради нив и не може да се очекува класично зголемување на невработеноста во време на слабеење на економската активност. По силниот раст оваа година, растот на платите ќе забави во следната година. Ќе продолжи увозот на странски работници, со што компаниите ја бранат профитабилноста и обезбедуваат извршување на активностите. (Целата анализа ТУКА)
Подготви Андреј Кнез
Телекомуникациите тивко го менуваат својот бизнис модел
Во анализата на телекомуникациските компании во регионот, потенциравме дека профитните маржи во 2022 година се нешто пониски во однос на претходната година, но сепак има силни инвестиции, додека задолженоста и понатаму е ниска. Материјалните трошоци доведоа до севкупно зголемување на оперативните трошоци, поттикнати од зголемувањето на цените на енергијата. За наредните години очекуваме дека развојот на бизнисот на телекомуникациите ќе се одвива во две насоки. Првата е одвојување на инфраструктурниот бизнис во посебна целина и евентуално продажба на тој бизнис на друг инвеститор, а втората е понудата на иновативни услуги во соработка со компании надвор од телеком индустријата. (Целата анализа ТУКА)
Подготви Немања Ѓурѓевиќ