Дали ги билдаат трговците цените во малопродажбата и какви се најновите трендови во овој сектор во земјите од регионот Адрија ќе можете да прочитате во понеделник во новата анализа што ја подготви аналитичкиот тим на „Блумберг Адрија“.
По порастот на цената на нафтата на светските берзи, којшто главно е предизвикан од ограничувањето на производството и на извозот од Русија и ОПЕК+, прашуваме дали следува зголемување на цената на нафтените деривати и во Македонија.
Откриваме какви се најновите трендови во градежништвото во Македонија, посебно кај изградбата на нови станбени згради при што ќе ги презентираме резултатите од нашата онлајн анкета во која прашуваме дали би купиле недвижности по актуелните цени и услови. Правиме споредба на каматите на станбените кредити во Македонија и земјите од регионот и навлегуваме во причините за разликите во висината на каматите.
Анализираме какви се резултатите од мерките на Народната банка во насока на денаризација на депозитите во македонските банки. Прашуваме каква ќе биде улогата на новиот фискален совет во Македонија од аспект на водењето на економските политики и каква ќе биде надлежноста на неговите членови.
Ги презентираме најпосакуваните професии во Македонија до 2027 година и анализираме какво ќе биде влијанието на вештачката интелигенција на пазарот на трудот.