Во саботата наутро Хамас изврши ненадеен напад на цели во Израел. Истрелани беа над 2.200 ракети. Потоа, израелскиот премиер Бенјамин Нетајнаху изјави дека Израел е во војна.
По два дена борби, бројот на загинати се искачи на 700. САД испратија воени бродови тој дел на Медитеранот.
Викендов рејтинг агенцијата „Фич“ во потврди кредитниот рејтинг на земјава. Министерствто за финансии и НБРМ се пофалија со своите заслуги за зачувувањето на рејтингот. Она што го немаше во соопштенијата на двете институции е загриженоста на „Фич“ за буџетскиот дефицит догодина.
Добро утро, еве што друго треба да знаете денеска.
Вчерашниот напад е голема грешка на израелското разузнавање
Саботниот ненадеен напад врз Израел од страна на палестинската група Хамас може да претставува еден од најголемите неуспеси на израелското разузнавање од војната во Јом Кипур во 1973 година.
Нападот вклучуваше десетици инфилтрации по копно и море, заедно со ракетни напади - софистициран напад кој вклучува вид на планирање и координација што треба да го разберат разузнавачките агенции. Стотици беа убиени од двете страни.
Аналитичарите на ББА нудат предлог за подобрување на кредитниот рејтинг
„Во регионот Адрија, само Словенија и Хрватска имаат инвестициска оценка за рејтингот, додека преостанатите спаѓаат во ’ѓубре’. Словенија го задржа највисокиот кредитен квалитет од ’Стандард и Пурс’ (S&P) неколку години, додека Хрватска беше надградена во инвестициска оценка во 2019 година“, велат нашите аналитичари.
„Нашите предлози до Македонија за подобрување на кредитниот ризик во иднина се да се иницира намалување на државниот долг, кој во моментов е за 8,2 п.п. повисок отколку што беше пред пандемијата, и да се подобрат финансиите на Владата преку намалување на буџетскиот дефицит, особено преку намалување на распределбите за платите во јавниот сектор. Дополнително, Македонија мора да работи на намалување на корупцијата, со оглед на тоа што има Индекс за перцепција на корупцијата од 40, што е под глобалниот просек“, велат нашите аналитичари.
Лоши вести за Македонија од пазарот на обврзници
Очите на финансиската јавност во светот се свртени кон порастот на приносите на референтните државни хартии во САД, Европа и во Јапонија, кои уриваат повеќегодишни рекорди.
Пазарите деновиве беа во исчекување дали приносот на десетгодишната обврзница во САД ќе ја пробие границата од пет проценти, додека приносот на соодветната германска обврзница достигна највисоко ниво од 2011 година, а рекорден децениски раст има и на приносот на десетгодишната обврзница на Јапонија.
Лагард е сигурна дека ЕЦБ ќе ја врати инфлацијата на целта
Политиката на Европската централна банка ќе помогне да се скроти инфлацијата, смета претседателката Кристин Лагард.
„Сакаме да ја намалиме инфлацијата на два отсто и ќе успееме“, рече Лагард во интервјуто за „Ла трибун Диманш“ (La Tribune Dimanche), додавајќи дека инфлаторната спирала „мора апсолутно да се избегне“.
Затворен гасоводот меѓу Финска и Естонија
Можно истекување е забележано синоќа на подводен гасовод меѓу Финска и Естонија, а гасоводот е исклучен додека не се истражи инцидентот.
Финскиот оператор на гасоводниот систем „Гасгрид Финланд“ (Gasgrid Finland Oy) во неделата објави дека нешто пред два часот по полноќ е забележан необичен пад на притисокот. Секако, веднаш проблемот беше спореден со експлозиите кои го оштетија гасоводот Северен тек пред нешто повеќе од една година.