text size
Очите на финансиската јавност во светот се свртени кон порастот на приносите на референтните државни хартии во САД, Европа и во Јапонија, кои уриваат повеќегодишни рекорди. Пазарите деновиве беа во исчекување дали приносот на десетгодишната обврзница во САД ќе ја пробие границата од пет проценти, додека приносот на соодветната германска обврзница достигна највисоко ниво од 2011 година, а рекорден децениски раст има и на приносот на десетгодишната обврзница на Јапонија. Истражувавме како овие трендови може да влијаат врз глобалната и врз македонската економија.