Во Европа во ноември се очекува топло и врнежливо време, што повторно ќе го одложи почетокот на грејната сезона, иако делови од континентот се зафатени со невреме.
Германија, Полска и поголемиот дел од Балканот ќе бидат потопли од вообичаено, а температурите ќе се задржат за цели шест Целзиусови степени над сезонскиот просек во првите девет дена од месецот, според прогнозата на „Максар“ (Maxar Technologies). Франција во следните три месеци најверојатно ќе види за 50 отсто потопли денови во споредба со просекот, според „Метео Франс“.
Граѓаните во Европа традиционално парното почнуваат да го вклучуваат во октомври, а дополнително се интензивира во ноември, што ја зголемува побарувачката на природен гас. Пoвисоките температури овој месец би можеле да ја намалат побарувачката во споредба со претходните години и да помогнат да се зачува вишокот гас до крајот на зимата.
Европа годинава е тешко погодена од екстремни временски услови, а некои делови од континентот ги доживеаја најтоплите месеци досега, но и обилни дождови и поплави.
Поплави во Словенија
Последиците од климатските промени и метеоролошкиот феномен Ел Нињо не стивнуваат, а почетокот на ноември ќе го обележи доаѓањето на бурата Сијаран во Западна Европа. Во Британија се очекува да донесе „потенцијално штетни“ ветрови до 135 километри на час и да зафати многу делови од земјата со обилни дождови, според тамошната метеоролошка служба. Во Франција брзината на ветерот може да надмине 145 километри на час, а бурата доаѓа откако бурата Бабет минатиот месец ги погоди Шкотска и Скандинавија.
Ветеровитите услови ќе резултираат со зголемено производство на обновлива енергија, што дополнително ќе ја намали побарувачката за гас. Сепак, иако европските цени на гасот паднаа за повеќе од 30 отсто од почетокот на годината, а испораките на континентот се далеку над сезонските норми, регионот и понатаму е ранлив на потенцијални прекини во снабдувањето. Само годинава продолженото одржување во Норвешка, ЛНГ-штрајковите во Австралија и конфликтот меѓу Израел и Хамас предизвикаа остри промени во дневните цени.
Временски услови во Северозападна ЕвропаBloomberg
Досега потрошувачката на гас во Европа остана далеку под историските просеци, откако минатогодишната енергетска криза ги принуди компаниите и домаќинствата да ја намалат потрошувачката. Топлата временска прогноза во текот на октомври значеше и дека нема значително повлекување гас од складиштата за гас во регионот.
Вашата претплата не може да се зачува. Ве молиме обидете се повторно.
Вашата претплата е успешна.
„Овој генерално топол, но нестабилен модел на значително повлажни и поветровити услови од вообичаените, со најтопли аномалии на југ и постудени аномалии на североисток, се прогнозира дека ќе се задржи во поголемиот дел од ноември“, рече Ендру Педрини, метеоролог во „Атмосферик Г2“ (Atmospheric G2).
Во Норвешка веќе се бележат температури под просекот. Тоа се очекува да продолжи во текот на целиот месец, според Хакон Мјелстад од Метеоролошкиот институт во Осло. „Се предвидува посуво време од вообичаеното бидејќи земјата е заштитена од источни ветрови“, рече Мјелстад.
По состанокот во Саудиска Арабија, каде што високи американски и руски претставници остварија прв круг преговори за крај на војната во Украина, Русија и САД најавија можност за поширока соработка.
Внесете ја вашата имејл-адреса на која ќе ви испратиме линк за ресетирање на лозинката.
Надминат е максималниот број уреди. Ако сте сопственик на сметката, кликнете на „Испрати најавување со е-пошта“ за да добиете е-пошта со врска за најавување. Откако ќе ја следите врската, ќе можете да управувате со уредите поврзани со вашата сметка.