Инфраструктурни проекти вечна болка на Македонија. Многу почнати но, малку од нив завршени, ќе успеат ли некогаш да се реализираат? Инфлацијата од друга страна ги предомислува компаниите да вложуваат во декарбонизација, справувањето со климатските промени станува се поскапо.
Добро утро! Ова се петте вести што треба да ги знаете на почетокот од денот.
Владата сака да раскине со „Синохидро“, ама само делумно
Последниот анекс на договорот за изградба на автопатот Кичево - Охрид истекува до крајот на годинава. Дотогаш треба да биде готов, но тоа нема да се случи поради појавата на 11 нови свлечишта на трасата. Таквиот развој на настаните го поттикна премиерот Димитар Ковачевски, наместо продолжување на договорот, од страна на Собранието да побара ревизија на целиот проект.
Најголема надеж, но истовремено и најголем ризик за буџетот за следната година претставува проектот за изградба на патиштата по должината на коридорите 8 и 10д од страна на американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“.Власта не размислува за неуспех во случајот со „Бехтел и Енка“. Напротив, договорот во времето на потпишувањето беше наречен историски.
Дали се појавува нов автопат на братство и единство?
Автопатот „Братство и единство“ ги поврзуваше повеќето републики на СФРЈ, а одеше од Јесенице, преку Љубљана, Ново Место, Загреб, Славонски Брод, Винковци, Белград, Ниш и Скопје, до македонско-грчката граница. Изградбата започна по Втората светска војна, а на автопатот работеа стотици илјади младинци во летни горештини и густа прашина за Југославија да биде добро поврзана сообраќајно.Шеесет години подоцна, овој автопат, кој денес се нарекува паневропски коридор 10.
Идејата е замислена преку иницијативата „Отворен Балкан“. Јавното претпријатие „Патишта на Србија“ изработи веб-платформа за единствена електронска наплата на патарина, која на 30 декември минатата година беше пуштена во употреба на територијата на Србија.
Бројот на „постојано невработени“ во САД е највисок во последните две години
Бројот на обновени барања за државна помош, или таканаречената „постојана невработеност“, достигна 1,87 милиони во неделата што завршува на четврти ноември, покажаа податоците на Министерството за труд објавени во четвртокот. Ова е воедно осма недела по ред како оваа бројка се зголемува.
Додека еластичниот пазар на труд го поддржува економскиот раст оваа година, многу економисти очекуваат ситуацијата да се влоши под притисокот на високите трошоци за задолжување. Компаниите сега вработуваат помалку од порано, стапката на невработеност расте, а растот на платите е забавен. Ова доведе до малку помали трошоци пред празничната сезона.
Справувањето со климатските промени ќе биде многу поскапо од планираното
Програмата за животна средина на ОН (УНЕП) неодамна го објави својот годишен Извештај во кој се испитува колку пари ќе им требаат на земјите во развој во светот за да ги издржат влијанијата на климатските промени. Извештајот дава сложено, но конструктивно разбирање за потребната инвестиција.
Првата е „моделираниот“ трошок за адаптација, кој се заснова на „анализа на адаптацијата потребна за намалување на зголемените климатски ризици, во однос на референтниот период, без да се земе предвид како се финансира“. УНЕП проценува дека оваа деценија е неопходно да се инвестираат 215 милијарди долари годишно.
Декарбонизацијата е сè потешка поради економското забавување
Околу 40 отсто од компаниите од тешката индустрија ширум светот велат дека не можат дополнително да инвестираат во декарбонизација поради сегашното опкружување.
Наодите доаѓаат во време кога некои влади се откажаа од поддршката за обновливи извори на енергија и производи со ниска содржина на јаглерод поради високата инфлација и загриженоста за трошоците и енергетската безбедност. Истражувањето сугерира дека компаниите исто така се побавни во донесувањето одлуки, во време кога екстремните временски настани ширум светот ги истакнуваат штетните ефекти од климатските промени.