Какви се најновите трендови во имплементацијата на ЕСГ стандардите во регионот Адрија и како поминаа лани инвеститорите во компании и хартии од вредност кај кои овие стандарди се втемелени како основни начела ќе можете да прочитате во понеделник во новата анализа што ја подготви аналитичкиот тим на „Блумберг Адрија“.
Големите светски банки и финансиски институции се повеќе се ориентираат кон таканаречено зелено кредитирање, кое зема поголем отколку кредитирањето на фосилната индустрија. Прашуваме каква е состојбата во Македонија.
Анализираме колку е можно воведувањето на таканаречен глобален минимален данок, што највеќе би го почувствувале големите мултинационални компании.
Истражуваме како фунционира бизнисот со домови за згрижување стари лица во Македонија, колкави се цените што им се наплаќаат на корисниците и какви услуги нудат, а ќе ги презентираме и резултатите на најпрофитабилните инвестициски фондови за 2023 година.
Ја откриваме врската меѓу ИТ секторот и развојот на рекреативниот спорт во Македонија, но и колку теретани за вежбање има во Скопје и како работат.