Израелските власти соопштија дека во понеделникот во Газа биле убиени 21 војник, што е најголем број на загинати во еден ден за војската од почетокот на војната против Хамас во октомври.
Околу 16 часот по локално време во централна Газа, милитанти пукаа врз израелски тенк, а во исто време имаше големи експлозии во две згради во близината, изјави во вторникот портпаролот на израелските одбранбени сили.
„Зградите се урнаа како резултат на оваа експлозија, додека повеќето војници беа внатре и околу зградите“, посочи портпаролот. „Зградите најверојатно експлодирале од муницијата што нашите сили ја поставија таму за да ги минираат објектите и терористичката инфраструктура во областа“.
Прочитај повеќе
Нетанјаху: Војната ќе трае додека Хамас не биде целосно уништен
„Во уништувањето на Хамас, Израел ќе продолжи да дејствува во целосна согласност со меѓународното право“, посочува израелскиот премиер.
26.12.2023
Водич за разбирање на суштината на конфликтот меѓу Израел и Хамас
Арапите и Евреите кои живееле во Светата земја биле под Отоманската империја до крајот на Првата светска војна.
21.10.2023
Тајната мрежа на тунели на Хамас проблем за израелската офанзива
Иако Хамас не може да се носи со технолошката софистицираност на израелската армија, милитантната група има многу необична предност...
16.10.2023
Што е Хамас - историја на милитантната група што го нападна Израел
Со еден потег, нападот на Хамас врз Израел ги преуреди регионалните приоритети во скора иднина.
10.10.2023
Жестокиот напад врз Израел го става Иран во центарот на вниманието
Најновиот напад врз Израел од страна на палестинската милитантна група Хамас го обнови фокусот на светот кон војната во сенка.
09.10.2023
Израелските сили напредуваат подлабоко во јужните и централните делови на Газа, а борбите и натаму се интензивни. Според војската, околу 200 израелски војници биле убиени во Газа пред последниот инцидент.
Израел се соочува со зголемен меѓународен притисок да ги прекине борбите и да постигне дипломатски договор со Хамас - прогласен за терористичка организација од САД и од Европската Унија - за ослободување на повеќе од 100 заложници, кои сè уште ги држи групата.
Премиерот Бенјамин Нетанјаху рече дека војната ќе продолжи сè додека не биде уништен Хамас и не бидат ослободени сите заробеници. Тој рече дека најдобриот начин да се постигне последната цел е да се продолжи да се врши воен притисок врз Хамас.
Групата уби околу 1.200 луѓе кога нејзините милитанти го нападнаа јужниот дел на Израел на 7 октомври. Во одмаздничките бомбардирања на Израел и во копнениот напад загинаа повеќе од 25.000 луѓе.