Какви се најновите трендови во малопродажбата и големопродажбата на градежни метаријали во земјите од регионот Адрија ќе може да прочитате во понеделник во новата регионална анализа што ја подготви аналитичкиот тим на „Блумберг Адрија“.
Изминатиов период високата инфлација предизвика сериозен потрес во деловниот свет и стана проблем број еден во светски рамки. Истражуваме дали на нејзино место доаѓаат климатските промени и вештачката интелигенција, кои се чини стануват главна преокупација на носителите на политики и на менаџерите.
Веќе извесен период, одредени технолошки компании го намалуваат бројот на вработени. Анализираме каква е состојбата на пазарот на трудот кога станува збор за работници од ИТ секторот.
Власта во Македонија во изминатиов период помпезно најави големи странски инвестиции во различни сектори и големи инфраструктурни проекти, кои до денес не се започнати. Прашуваме кои се причините за ова статус кво.
Македонската пошта неодамна предупреди дека е предмет на злоупотреба од сајбер-измамници кои користејќи го нејзиното име сакаат да им наштетат на граѓаните и на фирмите. Истражуваме какви се‘ сајбер измамами има во Македонија и кој е најдобар начин за заштита.