„Ејџијан ерлајнс“ (Aegean Airlines) ја прекина продажбата на билети за планираната нова авиолинија меѓу Скопје и Крф, која требаше да започне на почетокот на јуни, објави специјализираниот портал „Екс-ју авиејшн“ (EX-YU Aviation).
Летовите требаше да се одвиваат двапати неделно, во вторник и во сабота.
Прочитајте повеќе: Од јуни авионска линија од Скопје до грчкиот остров Крф
Според ревидираниот распоред, се чини дека „Ејџијан“ целосно ги откажува двата неделни лета и во тие денови повеќе нема да ги имани летовите меѓу Атина и Скопје. Со ваквиот развој на настаните, сообраќајот меѓу двата главни града ќе биде намален на пет лета неделно, почнувајќи од 4 јуни.
На веб-страницата на „Ејџијан“ првично беше објавено дека може да се купат билети за овој лет, со почетна цена од околу 130 евра за еден правец. Планот беше овој лет да биде одржуван до 28 септември.