Од невремето кое го зафати Скопје во оперативниот центар на Центарот за управување со кризи пристигнале околу 70 пријави преку единствениот телефонски број 112 кои претежно се за паднати дрва во општините Аеродром, Гази Баба и Центар. Има и пријави за поплавени подруми и улици во Бутел и Ѓорче Петров. Сите пријави се пренесени на надлежни институции.
Од ЦУК исто така информираат и дека дел од оградата заедно со рекламно пано од железничкиот мост во Автокоманда паднале врз две возила во движење. Оттаму известуваат дека немаат информации за повредени лица.
Претходно поради невремето, во делови од Скопје имаше кус прекин со напојувањето со електрична енергија.
Невреме го зафати и Тетово
Граѓаните пријавуваат материјални штети, а екипите за спасува на терен интервенирале и во неколку случаи каде биле извлекувани лица од поплавени возила.
„Во 16.30 часот територијата на Тетово ја зафати невреме проследено со дожд, грмотевици и силен ветер во траење од околу 40 минути. Големото количество поројни води предизвика поплавување на дворови и подруми на повеќе од пеесетина куќи и објекти во пониските делови на градот.“
Силниот ветер и градот направија штети на земјоделските култури и овошните насади но и штети во урбаните На 112 има повеќе од 200 пријави на штети.
Поради обилни врнежи од дожд проследени со град на места има одрони и помали свлечишта и тоа посебно од наплатна станица Глумово до Карпалак и Групчин.
Кај наплатна станица Желино поради големи количини на вода на самата рампа сообраќајот се одвива споро што доведува до создавање колони. Од ЦУК апелираат до учесниците во сообраќајот внимателно да управуваат со возилата како и да ја прилагодат брзината спрема условите на патот.