text size
Од вчера до крајот на 2024 година Унгарија ќе претседава со Советот на Европската Унија. Таа должност ја става Унгарија, предводена од контроверзниот премиер Виктор Орбан, под лупа поради честото спротивставување на одлуките на ЕУ. Иако од земјата што го презема претседавањето се очекува да дејствува непристрасно во интерес на целата Унија, многумина се прашуваат дали владата на Орбан може да ја исполни таа улога со оглед на нејзините досегашни политички потези.