Во неделата француските гласачи му зададоа тежок удар на Макрон на изборите за Националното собрание. Сега францускиот претседател е предводник на третата политичка сила во земјата, а ако Националното обединување на Марин Ле Пен победи на 7 јули, Франција ќе се најде во досега невидена ситуација - претседателството и собранието да бидат контролирани од партии со толку јасно различни визии за сè - од фискалната политика до меѓународните институции, климатските промени и националната безбедност.
Еврото зајакна по изборите во Франција
Претседателката на Европската централна банка, Кристин Лагард, за време на централнобанкарскиот форум во Португалија одби да ја коментира политичката драма во нејзината родна Франција и евентуалниот ефект врз монетарната политика. За намалувањето на каматните стапки вели дека сè уште нема доволно цврсти докази дека заканите за инфлацијата поминале.
Повеќе информации чека и Џером Пауел, првиот човек на Фед, иако како што вели дека „последните податоци сугерираат дека се враќаме на дезинфлациска патека“.
Повиците на централните банкари за трпение доаѓаат во време кога статистичарите забележаа забавување на инфлацијата во јуни.
Инфлацијата во Швајцарија ненадејно забави
Анкета на Народната банка: Инфлација од 3,9 проценти во 2024
Европа има високоразвиена индустрија, но тоа не е доволно за да се мери со САД, а во последно време и со Кина. „Блумберг Адрија“ ги праша експертите што е потребно за европската економија да стане поконкурентна. Одговорот е дигитализација - ЕУ мора да ги зголеми вложувањата за вештачката интелигенција.
Анализиравме и каква е состојбата со вештачката интелигенција во македонскиот јавен сектор. Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски во разговор за „Блумберг Адрија“ вели дека досега малку е направено, но целта на новата влада е работите да се придвижат за македонските граѓани да имаат подостапни услуги.
Приватниот сектор, пак, засилено се обучува за вештачка интелигенција. Прашавме во кои сектори има најголем интерес за обуки за вештачка интелигенција, на која возраст се најчесто заинтересираните и кога е вистинско време за ваквите обуки.
Наша анализа за феноменот „Енвидија“: Купи ја гласината, продај ја веста
Десет компании што треба да нѐ интересираат годинава
Дигитализацијата и зелената транзиција се два процеса што мора да течат паралелно. Па така, како што заостанува со дигитализацијата, земјава каска и во борбата со климатските промени. Светската банка испрати уште едно предупредување до властите во земјава да ги забрзаат реформите.
Предупредувања испраќа и времето. Се соочуваме со уште едно најтопло лето, а пожарите се секојдневие. Состојбата е алармантна во соседна Грција. А во САД за првпат се донесени сојузни мерки за заштита на работниците од топлотните бранови.
Поскапува пченицата на светските берзи, во Македонија е двојно поевтина од лани
ББА-анализа: Инкасираат милиони гасејќи ја жедта за пиво
Неделава се гласаше и во Велика Британија, а во САД и натаму се сумираат впечатоците од првата дебата на претседателските кандидати пред ноемвриските избори. Неделата ќе заврши како што почна, со вториот круг од гласањето во Франција в недела.