Затворањето на Ормускиот Теснец може да предизвика рецесија како во 2008 година, прогнозираат од консултантската куќа „Рапидан“. Според нивното основно сценарио, Ормускиот Теснец би можел да биде отворен во јули, но тоа нема да биде доволно за пад на цените на нафтата. Учесниците на пазарот очекуваат црното злато да се продава по цена од близу 100 долари за барел следната година.
Заедно со ураниумот, Ормуз останува главен камен на сопнување за договор меѓу Иран и САД. Иран не отстапува од идејата да воведе такси за поминување низ теснецот, а плаќањето може да биде и во биткоини. И НАТО се приклучува во напорите за отворање на теснецот – според шефот на НАТО, сојузниците неформално разговараат за мисија во Ормуз.
„Ерсте“: Шокот од Блискиот Исток го менува наративот за македонската економија
ЕК: Продолжен конфликт на Блискиот Исток носи поголем ризик за македонскиот долг
Светот се занимаваше и со новиот гостин на кинескиот претседател. По Трамп, и Путин се сретна со Шји, кој повика на прекин на војната во Иран, додека рускиот претседател повеќе беше насочен кон билатералната соработка односно на спас за заглавениот гасовод кон Кина.
На пазарите, „Енвидија“ ги разочара инвеститорите со прогнозите за продажба. Приносите на американските обврзници флертуваат со максимумите од 2007 година. Анкетите покажуваат дека инвеститорите масовно купуваат акции иако очекуваат раст на инфлацијата, што, веројатно, ќе им се удри од глава, бидејќи акциите не се заштита од растот на цените каква што често се смета дека се. Македонците, пак, заштита бараат во купување недвижности, и тоа во Грција. Го анализиравме и бизнис-речникот на генерацијата зед - од тивок отказ до токсична продуктивност.
Македонија има најбрзорастечка стартап-средина во Јужна Европа, како е во регионот?
Македонските компании под ризик: Колку лесно излегуваат доверливите информации?
Македонија е под воден стрес, спаѓа во групата земји во кои загубите на вода се најголеми. Прашумите исчезнуваат побавно, но и понатаму губиме површина поголема од 11 фудбалски игралишта. За летото е рано, но идната недела доаѓа првиот топлотен бран во Европа. Токму поради овие причини, важно е зелената транзиција да забрза. Анализиравме и колку ќе нѐ чини таа.