text size
Македонија се најде на 70.место на листата од 100 земји рангирани според Глобалниот стартап екосистем индекс за 2026 година, што е подобрување за осум места во однос на претходната година. Во извештајот што од 2017 година наваму секоја година го подготвува Стартап Блинк (StartupBlink) се наведува дека Македонија годинава бележи раст од 75 проценти, што е највисок во Јужна Европа.