„Мета“ отстрани 63.000 сметки на Инстаграм во Нигерија поврзани со измамници што ги користеле услугите на социјалните мрежи за да уценуваат корисници откако добиле интимни фотографии, соопшти компанијата во средата.
Добро утро! Ова се петте вести што треба да ги знаете на почетокот од денот.
Ги откриваме маките на македонските фриленсери: Сонуваат за „Пејпал“
Дигиталните платформи за работа што се користат за давање најразлични услуги се резултат на најновата технолошка револуција на пазарот на трудот. Овие платформи имаат генерално позитивно влијание врз економијата и придонесуваат за креирање работа и иновации и овозможуваат приход за работниците (често дополнителен) и можност за пристап до вработување на ранливите категории на граѓани.
Ваквиот начин на работа обезбедува флексибилност за работа оддома или од далечина и потенцијал за поголема заработка, но отсуството на сигурни и достапни начини на плаќање претставува голем предизвик за фриленсерите од земјите во развој и пречка за финансиска стабилност и раст во кариерата за многу професионалци.
Голем простор за финтек иновации во Македонија: Ќе се најде ли јунак за меѓуграничните плаќања?
Финтек-секторот сѐ побрзо се шири во платежната индустрија, која бара нови начини за намалување на трошоците и зголемување на безбедноста на клиентите. Дури 90 проценти од компаниите во земјава се свесни за придобивките што ги носи дигитализацијата за финансиските услуги, а над 70 проценти од нив инвестираат во дигитална трансформација, покажа анкетата спроведена од Народната банка чија цел беше развој на финтек-секторот.
За да ги поттикне и да ги поддржи иновациите во финансиските и платежните услуги, Народната банка во 2019 година ја формира Портата за иновации, чија основна цел е примената на напредни технологии во финансискиот сектор.
ББА-коментар: Каква е равенката што ги зголеми приходите на најголемите пиварници?
Премиумизацијата и проширувањето на портфолиото во доменот на безалкохолни производи со или без вкус и други производи од хмељ се трендовите што ја водат светската пиварска индустрија. Водечките светски производители на пиво, како што се „Молсон Корс“ (Molson Coors), „Карлсберг“ (Carlsberg), „Хајнекен“ (Heiniken) и „Абинбев“ (AbinBev), вклучија вакви иновативни производи под својот чадор за да допрат до потрошувачите што избегнуваат алкохолни пијалаци.
Според податоците за приходите од продажбата на овие четири компании, пазарот на пиво расте од година на година - 2022 година донесе годишен раст од девет проценти, додека во текот на 2023 година пазарот порасна за пет проценти во однос на претходната година.
Маск направи анкета дали „Тесла“ да инвестира 5 милијарди во „Екс еј-ај“
Илон Маск спроведе анкета во која ги праша корисниците на X дали „Тесла“ (Tesla Inc.) треба да инвестира 5 милијарди долари во неговиот стартап за вештачка интелигенција, велејќи дека ги „тестира водите“ за потенцијален договор. Повеќе од две третини од испитаниците гласаа „за“.
Главниот извршен директор на „Тесла“ го постави прашањето во вторникот, набрзо откако производителот на автомобили објави четврти квартал по ред со разочарувачки профит. Маск за време на презентацијата на резултатите беше запрашан дали компанијата ќе инвестира во „Екс еј-ај“ (xAI) или ќе го интегрира нејзиниот четбот, наречен Грок, во софтверот на „Тесла“.
Бернард Арно годинава загуби најмногу меѓу милијардерите
Нето-богатство на францускиот тајкун Бернард Арно годинава падна за повеќе од било кој друг на индексот на милијардери на „Блумберг“ (Bloomberg Billionaires Index), бидејќи побарувачката за луксузни стоки продолжува да се намалува.
Основачот на конгломератот ЛВМХ (LVMH - Moët Hennessy Louis Vuitton) забележа пад на своето богатство од 20 милијарди долари во овој период, на 187 милијарди долари, според рангирањето на 500 најбогати луѓе во светот. Откако акциите на компанијата претрпеа пораз по разочарувачките резултати неделава, загубите на Арно ги надминаа 18-те милијарди долари од најбогатиот човек во Кина, Жонг Шаншан.