Телевизиските куќи се соочуваат со глобален пораст на нелегалното проследување спортски настани во живо, кое ги лишува од потенцијалниот приход од десетици милијарди долари, а се чини дека малку нешта можат да сторат за да го спречат тоа.
Неовластеното емитување може да биде привлечно за навивачите што немаат пари и сакаат да гледаат скапи настани без да платат претплата. Меѓутоа, голем дел од овие пари инаку би се вратил во самите лиги, па пиратските преноси всушност извлекуваат пари од клубовите што овие навивачи ги поддржуваат.
Добро утро, ова се петте најважни вести за почеток на денот.
Тато, време е за пензија!
Во исклучително предизвикувачкиот пејзаж во кој егзистира регионалната економија во моментов не е лажна перцепцијата дека доминацијата остана на страната на семејните компании.
Глобално, но и во регионот на Централна и Источна Европа, во кој влегуваат и земјите од регионот Адрија. Но тоа не е само перцепција. Статистиката e релевантен доказ. Повеќе од половина од вработените во приватниот сектор во овој регион работат во семејно управувани компании.
Паушалниот данок лебди во даночниот простор
Пазарџии, занаетчии, во кои влегуваат и фризерите и козметичарите, и голем дел од земјоделците плаќаат паушален данок во согласност со Законот за персонален данок на доход.
Лани во земјава имало нешто над 6.000 лица што биле задолжени со плаќање ваков данок, велат од Управата за јавни приходи за „Блумберг Адрија“.
Сончевите панели произвеле над 500 отсто повеќе струја од лани
Производството на струја од сонце во јули годинава било за 500 отсто поголемо од лани. Според податоците што вчера ги објави Државниот завод за статистика (ДЗС) за произведената електрична енергија во јули, во соларните централи биле произведени 30.552 мегават-часа електрична енергија. Во истиот месец лани производството изнесувало 4.901 мегават-час.
Висок раст од близу 74 отсто има и кај производството на струја во биогасните централи. Во јули лани биле произведени 3.214 мегават-часа, а годинава 5.590 мегават-часа електрична енергија.
Приватниот сектор на еврозоната повторно во пад
Економијата во приватниот сектор на еврозоната се намали првпат од март, како што заврши стимулот од Олимписките игри во Франција, но и поради сè подлабокиот пад на производството. Тоа ја зголеми загриженоста дека блокот е на работ на исцрпеност во својот пат кон закрепнување.
Индексот на менаџери за набавки на „Ес енд Пи глобал“ (S&P Global) падна на 48,9 во септември од 51 претходниот месец, што е под прагот од 50, кој ја дели експанзијата од контракцијата, покажаа податоците во понеделникот. Аналитичарите очекуваа дека овој показател ќе се спушти само незначително, на 50,5.
Израел го пресретна првиот проектил на Хезболах истрелан кон Тел Авив
Израел ги засили своите најтешки воздушни напади врз цели на Хезболах во Либан од 2006 година, откако ја собори првата ракета што милитантната група некогаш ја истрелала кон Тел Авив.
Сирените за воздушен напад се активираа во комерцијалниот главен град на Израел рано во средата, додека проектилот летал над централните делови на земјата, соопшти војската. Хезболах, организација поддржана од Иран, изјави дека цел било седиштето на Мосад, израелската агенција за надворешно разузнавање, во предградијата на Тел Авив.