text size
Производството на струја од сонце во јули годинава било за 500 отсто поголемо од лани. Според податоците што денеска ги објави Државниот завод за статистика (ДЗС) за произведената електрична енергија во јули, во соларните централи биле произведени 30.552 мегават-часа електрична енергија. Во истиот месец лани производството изнесувало 4.901 мегават-час.