Американското Министерство за финансии објави нова рунда санкции насочени кон, како што се наведува, јахти поврзани со претседателот Владимир Путин, како и сојузници на рускиот лидер, во најновата серија мерки пртоив војната во Украина.
Милијардерот Алексеј Мордашов, мнозинскиот сопственик на „Севестрал“ (Severstal PJSC), четвртиот по големина руски производител на челик, исто така е погоден од санкциите на Стејт департментот, соопшти Министерството за финансии.
Руската јахта „Грејсфул“ (Graceful) и Олимпија „Olympia“, која плови под знамето на Кајманските Острови, се меѓу пловилата посочени во последната транша од санкциите, се наведува во соопштението на Министерството за финансии, објавено во четвртокот. Путин и белорускиот претседател Александар Лукашенко патувале заедно на еден од овие бродови во Црното Море во 2021 година, соопшти Министерството за финансии.
Санкциите, чија цел се и голем број други бродови, авиони и поединци, продолжуваат да се фокусираат на руската елита во обид да се изврши притисок врз Путин да ја преиспита својата одлука за војната во Украина. Меѓутоа, како што конфликтот влегува во четвртиот месец, се чини дека ваквите потези имаа мало влијание врз рускиот лидер.
„Руските елити, вклучително и претседателот Путин, се потпираат на сложени мрежи за поддршка за да го сокријат, преместат и одржуваат своето богатство и луксузни имот“, наведува во соопштение Брајан Нелсон, потсекретар на Министерството за тероризам и финансиско разузнавање. „Ќе продолжиме да ги спроведуваме нашите санкции и да ги разоткриваме корумпираните системи кои го збогатуваат претседателот Путин и неговите елити“.
Меѓу останатите цели на САД објавени во четвртокот се брокерот за јахти со седиште во Монако, „Империал јахтс“ (Imperial Yachts SARL), како и Сергеј Ролдугин, за кого Министерството за финансии посочува дека е близок пријател и дел од системот што управува со офшор богатството на претседателот Путин. Ролдугин, кој е санкциониран од неколку други држави, е и кум на една од ќерките на Путин, се вели во соопштението.
Во соопштение преку електронска пошта, „Империал јахтс“ ги отфрли наводите на Министерството за финансии, нагласувајќи дека ќе бидат преземени сите достапни правни лекови за брзо решавање на проблемот.
„Империал јахтс ги спроведува сите свои операции во целосна согласност со законите и прописите во сите јурисдикции во кои работиме“, се вели во соопштението. „Ние не сме вклучени во финансиските работи на нашите клиенти“.
Меѓу функционерите во владата на Путин, санкциониран е министерот за транспорт Виталиј Савељев, откако веќе се соочи со казни од Европската унија и Велика Британија.