Народното собрание на Бугарија го одобри францускиот предлог за Северна Македонија. За гласаа 170 пратеници, 37 беа против, а имаше 21 воздржан.
Усвоениот документ што го предложи лидерот на Демократска Бугарија, Христо Иванов ѝ дава зелено светло на Владата во оставка на Кирил Петков, да ги одобри преговарачка рамка и заклучоците предложени од француското претседателство со Советот на ЕУ, за решавање на сложените односи меѓу Бугарија и Северна Македонија, ако се исполнети неколку услови.
Ефикасно имплементирање на Договорот за добрососедство, гаранција за правата на Бугарите во Република Северна Македонија преку нивното вметнување во Уставот, ништо во пристапниот процес на РСМ да не биде протолкувано како признавање на македонскиот јазик од страна на Бугарија и гаранции од ЕУ дека сето ова ќе биде исполнето, се условите што ги поставува Софија.
Прочитај повеќе
Француското МНР: Одлучувачки денови за Северна Македонија
Остануваме мобилизирани за да постигнеме заемно прифатливо решение, велат од Париз
24.06.2022
Ковачевски: Францускиот предлог не е прифатлив за нас
Граѓаните можат да се спокојни, никој не може да ни наметне решение, рече Ковачевски
23.06.2022
Ова решение го подржаа пратениците од „Промената продолжува“, ГЕРБ-СДС, ДПС и „Демократска Бугарија“ (ДБ). „Има таков народ“ (ИТН) и „Преродба“ беа против, а од „БСП за Бугарија“ воздржани.
ДПС и ГЕРБ во одвоени соопштенија го нагласуваат стратешкиот интерес на Бугарија за проширување на ЕУ кон Западен Балкан и особено кон Северна Македонија и Албанија.
Претсдеателот на Демократска Бугарија, Христо Иванов, чиј предлог денеска беше одобрен од Народното собрание, рече дека најсилниот притисок не бил врз Северна Македонија, туку врз процесот на интеграција. Тој рече дека ветото сега ќе биде од цела ЕУ.
„Ако не ги исполни условите од преговорите и не го смени својот Устав, Република Северна Македонија нема да започне преговори за интеграција во ЕУ“, нагласи Иванов.
Во текот на вчерашниот ден, премиерот Димитар Ковачевски во Брисел порача дека францускиот предлог, во форма каква што е во моментот, не е прифатлив за Северна Македонија.