САД воведуваат нови санкции насочени кон активностите на групацијата Вагнер за ископување злато во Африка, како дел од обидот да го спречат финансирањето на платеничката група. Новите санкции доаѓаат само неколку дена откако Вагнер започна бунт против силите на претседателот Владимир Путин.
Санкциите беа насочени кон „Мидас Рисорсес“ (Midas Ressources SARLU), рударска компанија во Централноафриканската Република, поврзана со лидерот на Вагнер, Евгениј Пригожин, соопшти Министерството за финансии. Исто така, цел беше „Даемвил САУ“ (Diamville SAU), компанија за набавка на злато и дијаманти контролирана од Пригожин, соопшти Министерството за финансии.
Акцијата е последната во низата санкции за Вагнер и Пригожин од страна на САД и нивните сојузници во последниве години. Лице запознаено со ставот на САД, кое побара да остане анонимно, рече дека акцијата била планирана многу пред силите на Пригожин да го започнат бунтот во текот на викендот. САД се обидоа да избегнат заземање страна во конфликтот меѓу Кремљ и началникот на платениците.
Прочитај повеќе
Русија ја затвори постапката за бунтот на „Вагнер“
Русија во вторникот ја затвори кривичната истрага против водачот на платениците Евгениј Пригожин и неговата група „Вагнер“.
27.06.2023
Најголемите грешки на Путин по бунтот на „Вагнер“
Угледот на рускиот претседател Владимир Путин е нарушен...
26.06.2023
Рекорден пад на рубљата откако Вагнер го предизвика Путин
Аналитичарите предвидуваат дека вредноста на руската валута уште ќе се намалува
26.06.2023
Две други компании и еден руски државјанин идентификуван како извршен директор на групацијата Вагнер, исто така, беа цел на вчерашните санкции.
„Санкциите на Министерството за финансии ги попречуваат клучните актери во финансиската мрежа и меѓународната структура на Вагнер групацијата“, рече во изјавата заменик-секретарот на Министерството за финансии за тероризам и финансиско разузнавање Брајан Нелсон.