Пред Владата и вечерва се одржува протест под мотото „УЛТИМАТУМ – Не благодарам“, преку кој се бара да се отфрли францускиот предлог за кревање на ветото од Бугарија и деблокада на интеграциите на државава во Европската унија.
Дел од учесниците на протестот кон владината зграда фрлаа јајца, шишиња, цвеќе,… а откако ја поминаа заштитната ограда се стационираа пред кордонот полицајци. Скандираат „Оставка“ и пеат патриотски песни.
Околу владината зграда е видливо засилено полициско обезбедување.
Прочитај повеќе
Пендаровски: Францускиот предлог не е ниту триумф, ниту дебакл
Модификуваниот француски предлог е транзиционен компромис, смета претседателот на државата
03.07.2022
Ковачевски: Во предлогот македонскиот јазик е апсолутно чист
Премиерот вели дека има многу лаги во врска со предлогот
02.07.2022
Бугарското Собрание го одобри францускиот предлог за С Македонија
Претсдеателот на Демократска Бугарија, Христо Иванов, рече дека ветото сега ќе биде од цела ЕУ
24.06.2022
Протестот што почна завчера официјално нема организатор, но е поддржан од политички партии и граѓански организации кои сметаат дека предлогот е исклучително лош за македонскиот народ и македонските национални интереси. Протестот доби поддршка и од најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ, чиј лидер Христија Мицкоски ги повика граѓаните да се приклучат, за, како што кажа, да се одбрани тоа што се нарекува европска вредност и да се спаси процесот на преговори со Европската Унија.