Смртта на шефот на платеничката група „Вагнер“, Евгениј Пригожин во минатонеделната авионска несреќа, официјално е потврдена од руските истражители врз основа на ДНК тест.
Рускиот истражен комитет во неделата соопшти дека тестовите потврдиле оти загинале сите десет патници и членови на екипажот кои се пријавени дека се качиле во приватниот авион на 23 август, се вели во соопштението на веб-страницата на комитетот.
Пригожин во јуни започна неуспешен бунт против воените лидери на Владимир Путин, што го загрози владеењето на рускиот претседател кое трае речиси четвртина век.
Прочитај повеќе
Со смртта на Пригожин, Путин ја враќа контролата врз руската елита
Несреќата се случи точно два месеца по бунтот на Пригожин, кој Путин го осуди како „предавство“.
24.08.2023
Путин веројатно го одобрил убиството на Пригожин
Првичните анализи на САД покажуваат дека во авионот имало бомба
25.08.2023
Лукашенко: Смртта на Пригожин е прегруба за да биде дело на Путин
Белорускиот претседател изјави дека авионската несреќа е премногу несофистицирана за да биде заговор за атентат.
26.08.2023
САД посочија дека авионската несреќа можеби е атентат нарачан од Кремљ, но портпаролот на Путин, Дмитриј Песков, ја отфрли сугестијата како „апсолутна лага“.