Платите се проблем, но не се главната причина за иселувањето од Македонија, вели претседателот на Бизнис конфедерацијата на Македонија, Миле Бошков во разговор за Bloomberg Adria TV. Според Бошков, проблемот е системски.
„Младите не си одат само заради платите и тешките работни услови. Во Македонија има многу компании со добри плати во кои се почитуваат сите процедури за безбедност при работа. Проблемот е системски, работниците си одат заради корупцијата, лошите јавни услуги, лошата грижа на општството за младите“, изјави Бошков во разговор за Bloomberg Adria TV.
За надминување на тешката сотојба, лекот може да биде увозот на работна сила, вели Бошков.
„Македонија може да увезе работници од земји со понизок животен стандард“, вели тој за Блоомберг Адриа ТВ.