Потпретседателката на САД, Камала Харис стана актуелна тема на кинеските социјални мрежи, при што корисниците се обложуваат дека нејзината понуда за претседателска кандидатура ќе го врати Доналд Трамп во Белата куќа.
Американските избори доминираа во првите четири места на кинеската платформа Веибо (Weibo), слична на Х, рано во понеделникот, откако Кина се разбуди по заминувањето на претседателот Џо Бајден од трката во 2024 година. Хаштагот „Biden exit“ беше прегледан 370 милиони пати до пладне, додека темата „Харис го фали Бајден“ (Harris praising Biden) собра околу 57 милиони прегледи.
„Дали ова значи дека Трамп е на пат да победи?“, праша еден корисник, додека кинеските граѓани се обидуваа да анализираат што ќе донесе промената за нивната земја која е втора најмоќна економија во светот. „Демократската партија стана прва што се подготвува за изборите во САД во 2028 година. Иднината е ветувачка“, се пошегува друг корисник на Веибо.
Прочитај повеќе
Демократите ја поддржаа Камала Харис, донирани 47 милиони долари
Откако актуелниот американски претседател објави дека се повлекува од изборната трка, водечките луѓе на демократите одржаа конференција.
22.07.2024
Вредноста на доларот падна откако Бајден ја напушти трката за претседател
Мерачот на „Блумберг“ за јачината на американската валута падна за 0,1 процент.
22.07.2024
Џо Бајден се повлекува од трката за претседателските избори во САД
Бајден (81) ѝ се заблагодари на потпретседателката Камала Харис (59) што е „извонреден партнер“
21.07.2024
Трамп целосно ја презеде контролата, кампањата на Бајден тргна надолу
Доналд Трамп уживаше во моментот на конвенцијата во Милвоки синоќа
19.07.2024
Тимот на Бајден таинствен околу честите посети на доктор за Паркинсонова болест
Aдминистрацијата сака да ја смири загриженоста за честите посети на Белата куќа од специјалист за Паркинсонова болест.
09.07.2024
Трамп: Кај Бајден не се проблем годините, туку неговата способност
„Победивме човек кој навистина сака да ја уништи нашата земја“, рече Трамп во однос на исходот од дебатата.
29.06.2024
Додека Харис накратко се сретна со претседателот Шји Џјинпинг на маргините на самитот за Азиско-пацифичка економска соработка во Тајланд во 2022 година, таа не ја посети Кина како потпретседателка што значи дека кинеските граѓани се помалку запознаени со неа. Тоа е во спротивност со гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом, кој минатата година донесе попријателска порака во Пекинг на патувањето кое освои аплаузи во азиската земја.
Анкетата на интернет на 12.000 корисници на Веибо во понеделникот покажа дека скоро 80 отсто од корисниците сега веруваат дека Трамп ќе ја победи Харис во ноемвриската трка, според резултатите објавени од шангајскиот „Морнинг пост“, околу пет часа по првичното поставување на прашањето.
Слики од раскрвавениот Трамп како пркосно мавта со тупаница неколку секунди откако беше застрелан, ги зафатија кинеските социјални мрежи претходно овој месец. Таа блиска средба со смртта се чини дека ја зајакна популарноста на поранешниот претседател - кој започна трговска војна со Пекинг кога последен пат седеше во Белата куќа - при што граѓаните ги фалат неговите политички инстинкти.
„Трамп е подготвен да победи!“, напиша еден корисник на Веибо во објава која имаше 14.000 допаѓања и ја нарече сега веќе култната фотографија „совршена“.
Државните медиуми, вклучително и „Гуангжу Дејли“, истакнаа дека Харис би била првиот челник на САД со азиско потекло доколку победи во тесната трка во ноември. Но, неколку извештаи ги спомнаа и политичките импликации од нејзината можна администрација за Кина.
„Нејзината политика за Кина за време на изборите веројатно ќе излезе од вообичаените идеологии на демократите“, рече Танг Ксијаојанг, претседател на одделот за меѓународни односи на Универзитетот Цингхуа. „Но, на краток рок, таа веројатно нема да развие многу насочена стратегија за Кина“.