Успешна средба на првите луѓе на двете најмоќни економии на светот и најава за нова во септември. По средбата со американскиот колега Доналд Трамп, кинескиот претседател рече дека постигнале голем напредок. Шји им вети поширока соработка на директорите на американските компании што во Пекинг отпатуваа заедно со Трамп. Илон Маск, Џенсен Хуанг и Тим Кук беа дел од американската делегација, а тоа беше причина акциите на нивните компании да растат.
Трамп изјави дека Кина сака повеќе американска нафта и авиони од „Боинг“, а Пекинг понудил помош и во преговорите со Иран. Сепак, не помина сѐ мазно, имаше по малку и тензии и ривалство.
На Блискиот Исток пак примирјето е многу кревко, а мировниот договор далечен. Ормуз останува затворен, додека американските сили тврдат дека уништиле поголем дел од иранските морски мини. Анализиравме кои се клучните спорни точки за мировен договор меѓу САД и Иран.
Прочитајте повеќе:
Македонците меѓу највредните во Европа - третина од работниците работат за викенд
Над 10.000 македонски граѓани лани добиле „црвен картон“ од ЕУ
Челичен стисок на 13-от кат: Стилот на Фон дер Лајен го парализира Брисел
Цените на нафтата растат, нафтените резерви низ светот паѓаат, а ОПЕК+ планира да продолжи со зголемувањето на квотите. Во земјава во март увозните цени на нафтените деривати се зголемиле за 40,3 проценти.
Воениот шок и високите цени на енергентите го држат под зголемен притисок и македонскиот јавен долг. За првпат по подолго време катастар објави и значителен пад на продажбата на станови. Ова доаѓа во време кога банките сѐ поотворено зборуваат за зголемување на каматите поради растечката инфлација. Ние анализиравме и дали стан на кредит ќе се купуваше полесно ако Македонија беше во еврозоната.
Криза има и во „Мекдоналдс“. Гигантот за брза храна е огледало на финансиската криза на милиони луѓе. Сепак за производителите на лекови криза нема, покажуваат податоците од ФЗОМ. Притиснати од шоковите, патат срцата на Македонците, им се превртува желудникот и во таква ситуација најмногу помага „дијазепамот“. Криза нема ниту за приватните болници што ги лечат срцата. ФЗОМ лани им исплатил 19,5 милиони евра на „Аџибадем Систина“ и „Жан Митрев“.
Прочитајте повеќе:
Туристичката мапа драстично се смени, што ќе биде тренд ова лето?
Како недостигот од авионско гориво ја загрозува летната сезона?
Индикаторот на Бафет: Американските акции на историски максимум, регионот Адрија нуди можности
На берзите, „Антропик“ бара нова инвестиција од 30 милијарди долари додека се нарушуваат односите меѓу „Епл“ и „Опен еј-ај“, што може да резултира со правна борба.
Најважната споредна работа, пак, допрва следува. На еден месец сме до новото Светско првенство во фудбал, кое станува и политизирано и хаотично. Анализиравме и која е разликата меѓу генерациите. Што сакате вие – да го гледате натпреварот или ќе се занимавате со статистиките?