text size
Србија во вториот квартал оствари раст на бруто-домашниот производ од 1,7 отсто, објави денеска Републичкиот завод за статистика. Економскиот раст на Србија во првиот квартал изнесуваше 0,7 отсто. Иако растот е позитивен ако се спореди со првиот квартал од минатата година, во првите три месеци од 2023 година е забележано намалување на економската активност во однос на последниот квартал од минатата година за 0,2 отсто. Доколку се забележи негативен раст на БДП во другите три месеци од оваа година, Србија ќе западне во рецесија.
Исто така, анализата на движењето на бруто-домашниот производ потврдува дека е потребен многу силен пресврт на економските движења или дека до крајот на годината треба да се појави некој вонреден фактор за да се реализира прогнозата. Сè уште не е исклучено да се случи