text size
Во Србија денеска почнува владината акција „Најдобра цена“ во чии рамки ќе се намалат цените на 700 производи до крајот на октомври во околу 2.500 малопродажни продавници во земјата. Акцијата вклучува 81 вид основни производи, а намалувањето во просек ќе биде 26,82 проценти, рече премиерот Милош Вучевиќ на презентацијата на акцијата и истакна дека домаќинствата ќе можат да заштедат од 8.000 до 22.000 динари месечно со купување на производи кои ќе бидат вклучени во акцијата.