Македонската Комисија за заштита на конкуренцијата добила известување за концентрација со која српската „Галеника“ ќе стекне целосна контрола над словенечката „Санофарм“ преку купопродажба на удели.
Од КЗК информираат дека „Галеника“ е основана во 1945 година, а од 2017 година е дел од бразилската групација НK. Претежната дејност на „Галеника“ е производството на фармацевтски препарати, најчесто лекови што се издаваат на рецепт. Помал дел од асортиманот на „Галеника“ вклучува производи кои можат да се издаваат без лекарски рецепт, како и одредени производи наменети за употреба во стоматологијата. „Галеника“ има два субјекти во Македонија.
Оттаму додаваат дека „Санофарм“ е словенечка компанија која се занимава со увоз и дистрибуција на природни препарати – диететски суплементи од производители од Италија, „Фармалајф Рисрч срл“ (Pharmalife Research srl) и „ЕСИ срл“ (ESI srl). „Санофарм“ е ексклузивен увозник и дистрибутер на препаратите на овие производители за Словенија и Хрватска.
Прочитај повеќе
„Галеника“ го купува фармацевтскиот дистрибутер „Лајфмедик“
Трансакцијата се очекува на крајот на четвртиот квартал од 2023 година, по што ќе започне процесот на интеграција.
19.10.2023
„Предложената трансакција се однесува на пазарот на трговија на големо со фармацевтски производи што се издаваат без лекарски рецепт (OTC производи) во С.Македонија. Врз основа на прелиминарното испитување Комисијата утврди дека предметната концентрација може да потпадне под одредбите на Законот за заштита на конкуренцијата. Сепак конечната одлука по ова прашање е резервирана“, наведуваат од КЗК.
Комисијата ги повикува заинтересираните трети страни да достават забелешки и мислења за оваа концентрација.