text size
Војната на Блискиот Исток влезе во петтата недела без никаков сигнал за договор, додека ескалацијата продолжува со засилени напади и вклучување на нови актери. Израел го продолжува бомбардирањето на Техеран, Иран возвраќа со напади врз цели во регионот, а јеменските Хути официјално се приклучија на конфликтот со ракетни напади. Истовремено, САД ја засилуваат воената присутност со распоредување дополнителни 3.500 војници и се подготвуваат за можни копнени операции. Конфликтот веќе има сериозни последици врз глобалната економија, со илјадници жртви и силни нарушувања на пазарите. Цените на нафтата растат, а трговските текови се под притисок поради речиси целосно блокираниот Ормуски теснец.