text size
Ескалацијата на воените дејствија на Блискиот Исток и нестабилноста на пазарите предводена од растот на цената на нафтата која достигна 116 долари за барел беа во фокусот на светската јавност на почетокот на неделава. За среќа, во Македонија следуваше мало ублажување на притисокот од рекордните цени на нафтата на светските берзи откако Регулаторната комисија за енергетика одлучи да ги намали цените на моторните бензини еуросупер БС-95 на 84 денари за литар и еуросупер БС-98 на 85,50 денари, а цената на еуродизелот (Д-Е V) беше задржана на исто ниво од 95,50 денари за литар.