Од март следната годината нискобуџетната компанија „Трансавија“ ќе почне со летови на релацијата Амстердам-Скопје, објави порталот „Ексју авиејшн“.
Ова ќе биде прво поврзување на скопскиот со аеродромот „Шипхол“ во Амстердам по септември 2008 година.
Добро утро! Ова се петте вести што треба да ги знаете на почетокот од денот.
Туризмот во Македонија може да живее само од археологија?
Со промените што ги направи новата власт во однос на секторската поделба по министерства, секторот туризам сега се всели во куќата на културата. Според министерот за култура и туризам, тоа е идеален спој што нуди полн погодок за развој на културниот туризам, следствено и на археолошкиот. Тој смета дека дури 70 проценти од туристите во земјава доаѓаат поради културата, а потенцијалот за развој е огромен.
„За нас ќе биде многу важен археолошкиот туризам, а од друга страна во последниве седум години буџетот, особено за археологијата, е екстремно намален и е многу тешко сега да се вратите наеднаш на нешто што се случило пред толку години и затоа во овој период не треба да отвораме нови работи, туку треба да го истражиме сето она што го имаме откриено на времето и сите оние потенцијали што ги имаме...“, вели министерот за култура и туризам Зоран Љутков.
Кој купи, а кој продаде годинава?
Компаниските спојувања и преземања не беа нешто особено во фокусот во македонската економија во годинава што изминува, со само неколку фактички преземања и некои неуспешни обиди.
„Орка холдинг“ во март годинава успеа да преземе 0,71 отсто од акциите на „Жито Полог“-Тетово, иако имаше понуда за преземање на уште 50 проценти од акциите; командитното друштво „Оилко“ во април 2024 година успеа да преземе 2,1 проценти од акциите на „Макпетрол“; а кон крајот на октомври струмичката „Тотал инженеринг“, зад која стои Вице Заев, брат на поранешниот премиер Зоран Заев, успеа да стигне до вкупно 73,3 проценти од производителот на конфекција „Герас Цунев“ и исто толкав удел во консалтинг-фирмата на ова акционерско друштво...
Илон Маск тргна во поход во Германија
Дали парите и моќта им даваат право на милијардерите да се мешаат во сечија чорба? Според последниот пример со Илон Маск, веројатно да.
Се чини дека и покрај многуте компании и сериозни бизниси, Маск има време да се занимава и со политичката состојба во други држави, како што во последните денови двапати се вмеша во германската политика преку социјалната мрежа X.
Прво Маск јавно изрази поддршка за германската крајнодесничарска партија Алтернатива за Германија (АфД), а потоа, како одговор на друг корисник на Х по нападот на божиќниот саем што се случи во петокот во источногерманскиот град Магдебург, го омаловажи сė уште актуелниот германски канцелар Олаф Шолц.
Скопје наскоро ќе добие сервис за споделување на електрични возила
Со приватна инвестиција на „Авант кар“ од Словенија во систем за 100-проценен електричен „кар-шеринг“, односно систем за споделување електрични возила, се предвидува подобрување на квалитетот на воздухот во Скопје, намалување на сообраќајниот метеж и развој на модерни транспортни решенија.
Тест фазата ќе почне во февруари, а во март ќе може да започне целосната услуга. За користење на услугата ќе биде неопходна мобилна апликација преку која ќе се наоѓа достапно електрично возило, а плаќањето ќе биде дигитализирано или преку платежна картичка.
Гази Баба, Аеродром и Чаир ќе бидат пилот општини каде ќе биде поставена инфраструктура за полнење на електричните возила.
„Хонда“ и „Нисан“ најавија спојување во 2026 година
„Хонда“ (Honda Motor Co.) и „Нисан“ (Nissan Motor Co.) ги направија своите први историски чекори кон спојување и создавање нова сила во светската автомобилска индустрија, додека агресивната конкуренција од Кина ги принудува традиционалните производители на автомобили да ги преиспитаат своите деловни модели.
Двата јапонски производитела на автомобили потпишаа првичен договор за преговори за спојување, што беше објавено на заеднички брифинг за медиумите во „Токио“. „Хонда“ исто така изјави дека ќе откупи свои акции во вредност до 1,1 трилион јени (7 милијарди долари).
Ќе се создаде холдинг компанија за новиот ентитет, која треба да биде листирана до август 2026 година, со напомена дека „Хонда“ ќе може да номинира мнозинство од директорите на холдинг компанијата.