Претседателот на САД Доналд Трамп вети нови удари врз Иран откако ја обвини земјата дека ги одолговлекува разговорите за привремен мировен договор, дополнително оптоварувајќи го кревкото двомесечно примирје.
Ескалацијата на геополитичките тензии предизвика раст на цената на нафтата и пад на акциите, при што Волстрит беше потресен и од нова распродажба на некои од најголемите светски технолошки компании.
Помалку работници повеќе работат – расте продуктивноста во македонската индустрија
Продуктивноста во македонската индустрија во март бележи силен раст од 6 отсто. Март беше прв месец годинава кога продуктивноста беше во плус. Благодарение на добрата бројка за третиот месец од 2026 година, кварталниот раст изнесуваше само 1 отсто што е најлош резултат од крајот на 2024 година.
Во исиот период, од крајот на 2024 година, бројот на работници во македонската индустрија е во постојан пад.
Се бориме за рекорд од милион странски туристи - домашниот туризам низ бројки
Македонија во изминатиов период бележи континуиран пораст на бројот на туристи кој во минатата година достигнал над 1,3 милиони лица од кои 916.000 биле гости од странство.
Станува збор за значително зголемување ако се земе предвид дека пред една деценија, во 2015 година вкупниот број на туристи во земјава изнесувал околу 816.000 лица, од кои околу 485.000 биле странски туристи.
Во редизајнираната туристичка карта, Македонија има поволни шанси
Додека војната и нестабилноста на Блискиот Исток ја менуваат глобалната туристичка мапа, сè повеќе патници и туроператори се насочуваат кон побезбедни, постабилни и полесно достапни европски дестинации. Туризмот е меѓу првите индустрии што реагираат на чувството на несигурност, па кога се проценува ризик, природно дел од интересот се пренасочува кон пазарите што нудат предвидливост и сигурност.
Од ваквите поместувања веќе профитираат пазари како Шпанија, Италија и Хрватска, а во трката за нов туристички интерес сака да се вклучи и Македонија. Нашата земја, која сè уште не е масовно откриена, има потенцијал да се наметне како нова алтернатива на европската туристичка мапа. Секако, за туристичките промени влијаат и климата, новите навики и барањата на туристите, достапноста на прифатливи цени на летовите и понудата на оригинални досега невидени искуства.
Се потсетуваме на Светското првенство во САД од 1994 година, кога билетите чинеа 25 долари
Најскапите влезници за финалето на Светското првенство во 1994 година во САД чинеа 475 долари. Оваа година, влезниците за финалето на стадионот „Мет лајф“ во Њу Џерси се продаваат за повеќе од 10.000 долари.
Тогаш првенството беше значително поевтино од една причина: пред повеќе од 30 години, успехот на турнирот беше неизвесен. САД, навикнати на статус на суперсила речиси во сè, во машкиот фудбал беа, во најдобар случај, споредна репрезентација. Немаа ниту вистинска домашна лига. Старата Северноамериканска фудбалска лига (North American Soccer League) згасна по сезоната 1984, а МЛС (Major League Soccer), највисок ранг на натпреварување во фудбалот во САД, започна со игра дури две години по Светското првенство.
Инфлацијата во САД се искачи на највисоко ниво во последните три години
Инфлацијата во САД забрза во мај, достигнувајќи најбрзо темпо во повеќе од три години, бидејќи војната во Иран ги зголеми цените на енергијата, надминувајќи го растот на платите на Американците.
Индексот на потрошувачки цени (CPI) порасна за 0,5 отсти во однос на април и за 4,2 отсто во однос на минатата година - најмногу од почетокот на 2023 година, според податоците на Бирото за статистика на трудот. Основниот показател за инфлација, кој ги исклучува храната и енергијата, сепак се зголеми за помалку од очекуваното – 0,2 отсто месечно.