Истражуваме колку од становите што се градат во строгиот центар на Скопје се продадени на уште непоставени темели и по која цена. Истовремено анализираме дали повеќе се исплати да се купи вила на море или во Тоскана, Италија наспроти стан во Скопје.
Вредноста на акциите на „Тесла“ драстично паѓа откако Илон Маск влезе во американската администрација. Анализираме што ќе значат новите царините за „Тесла“, а што за производителите на електрични возила во ЕУ и Кина односно какво репозиционирање на пазарот на електрични возила може да се очекува.
Откриваме какво ќе биде влијанието на глобалната трговска војна врз македонската економија и што најмногу извезуваме, а што увезуваме од САД.
Со оглед на тоа што Естонија воведува изучување на вештачка интелигенција во училиштата, прашуваме какви се аспирациите на Македонија и регионот во однос на воведувањето на новите технологии во образовниот процес.
Во светот целосната промена на кариерата стана нормална односно секојдневна појава. Претставуваме примери кои покажуваат дека тоа е можно и во Македонија.