text size
Македонија склучи договор за стратешко партнерство со Обединетото Кралство. Договорот значи ново задолжување во вредност од пет милијарди фунти, кои ќе се трошат за инфраструктура. Премиерот Мицкоски изјави дека Македонија ќе ги добие парите под услови што се најдобри на пазарите во моментов. Кредитот е со грејс период од пет години, рок на отплата од десет години и непозната камата. За експертите, партнерството е поволно, но само ако се внимава на долгот и се продолжи по патот на фискалната консолидација.