text size
Министерството за финансии испрати барање за покажување интерес за финансирање на проектот за изградба на брза пруга долж Коридорот 10 до 21 меѓународна финансиска институција и странски комерцијални банки. Станува збор за финансиски институции од Европа, САД, Јапонија и Обединетото Кралство, од кои дел се институции со коишто земјата и претходно соработувала на одредени проекти.