Министерството за финансии денеска испрати барање за покажување интерес за финансирање на проектот за изградба на брза пруга долж Коридорот 10 до 21 меѓународнa финансискa институциja и странски комерцијални банки.
Станува збор за финансиски институции од Европа, САД, Јапонија и Обединетото Кралство, од кои дел се институции со коишто земјата и претходно соработувала на одредени проекти.
Поконкретно барањето е доставено до: Светска банка, Европската банка за обнова и развој, Европската инвестициска банка, Фондот за меѓународен развој на ОПЕК, Француската развојна агенција, КФВ Развојната банка, Италијанската развојна банка, Јапонската агенција за меѓународна соработка, германската ДЗ Банка, Морган Стенли, Уни Кредит Банка Австрија, Сити банк, ЏП Морган, Дојче Банк, Сосиете Женерал, Рајфајзен банк, ЕРСТЕ банк, Банка ИМИ, Банка на Америка, јапонската МУФГ Банка, како и Голдман Сакс.
Прочитај повеќе

Државата годинава се задолжува повеќе од лани, но дали ги сака и парите на граѓаните
На 20 јули годинава државата треба да им исплати приноси на 1.283 граѓани што учествуваа на првата аукција на граѓански обврзници во 2023 година.
02.06.2025

Големи и мали: Кои се главните недоумици за милијардите од Британија?
Со 76 гласa „за“ вчера Собранието го верификуваше договорот, пратениците на СДСМ не гласаа и извикуваа – уа
29.05.2025

Можен ли е инвестициски бум од шест милијарди евра во Македонија?
Визијата на Владата е да се поттикнат економски раст и развој и да се подобрат условите за бизнис и животниот стандард на граѓаните.
14.05.2025

Историски рекорд: Јавниот долг на Македонија на чекор до 10 милијарди евра
Македонскиот јавен долг континуирано се зголемува, а државата без нови заеми не може да ги финансира јавните трошоци односно буџетскиот дефицит.
04.02.2025

Македонија на ниво на африкански Бенин и Албанија за нови задолжувања
Предизвикот за задолжување доаѓа оваа година кога доспеваат приближно 1,5 милијарди евра домашни и еврообврзници.
20.01.2025

Македонија се задолжува најскапо во регионот: Како со долгот во 2025 година?
Клучниот предизвик доаѓа следната година, кога достасуваат приближно 1,5 милијарда евра домашни и еврообврзници.
11.12.2024
Износот кој се бара за реализација на проектот е 1,91 милијарда евра.
Согласно испратеното барање, одговорот за пројавување интерес меѓународните финансиски институции и странските комерцијални банки треба да го достават до крајот на овој месец, со можност за продолжување на рокот по барање на банките.
„Имено, Министерството за финансии го испраќа барањето за пројавување интерес со меѓународните финансиски институции врз основа на заклучок на Владата и врз основа на законските прописи, односно Законот за јавен долг. Заедно со барањето Министерството за финансии испраќа до меѓународните финансиски институции и банките и образложение за проектот подготвено од Министерството за транспорт и врски и ‚МЖ Инфраструктура‘, а кое исто така е разгледано од страна на Владата“, соопшти Министерството.
Во моментов нема коментари за веста. Биди прв да коментира...