Прашуваме од кога ќе се воведе обврската за македонските компании да плаќаат давачки за загадување односно таканаречен јаглероден надоместок. Анализираме колку се реални шансите за брзо воведување дигитален долар и што би значело тоа во светот на валутите.
Правиме споредба меѓу европската и кинеската индустрија за ветерни електрани и посочуваме како Европската комисија се обидува да ја врати „фер играта“ на пазарот преку истрага за субвенциите во Кина.
Со оглед на тоа што се предвидува до 2030 година секој граѓанин на Европската Унија да носи дигитален паричник на својот мобилен уред што содржи лични и професионални податоци, откриваме кога вакви новини може да се очекуваат во Македонија.
Прашуваме дали ќе има промени во висината на данокот на додена вредност за становите. Анализираме какви се можностите на Македонија во областа на ретките минерали и одржливото рударство и какви промени носи вештачката интелигенција во оваа индустрија.