text size
Воздишки на благо олеснување, но и голема воздржаност кај европските лидери можеа да се почувствуваат по изјавата на претседателот Доналд Трамп дека нема да воведе нови царини за стоките од европски земји кои се спротивставуваат на неговите напори да го преземе Гренланд, наведувајќи дека е постигнат „рамковен договор“ за иднината на островот. Светот сега е во исчекување на прецизни детали дали договорот меѓудругото предвидува тешко американско вооружување и нови рудници на арктичкиот остров односно дали навлегува во суверенитетот на Гренланд и Данска.