Европската централна банка (ЕЦБ) мора да биде „многу агилна и претпазлива“ за да ги држи цените под контрола, бидејќи војната во Иран ги приближува ризиците од стагфлација, изјави членот на Управниот совет, Борис Вујчиќ.
Вујчиќ, кој ќе стане потпретседател на ЕЦБ во јуни, рече дека официјалните лица веројатно наскоро ќе знаат дали последиците од конфликтот ќе бараат повисоки каматни стапки. Но, тој предупреди дека неодамнешните настани укажуваат на растечки ризици од висока инфлација на потрошувачки цени, заедно со слаб економски раст.
„Не гледаме стагфлација, но ризикот се движи во насока на стагфлација“, рече гувернерот на централната банка на Хрватска во интервју во Загреб. „Колку далеку ќе одиме во таа насока е многу тешко да се предвиди“.
Прочитај повеќе
Нагел: ЕЦБ може да ги покачи каматите уште на април
„Европската централна банка ќе треба да размисли за зголемување на каматните стапки уште следниот месец ако ценовните притисоци дополнително се засилат поради војната со Иран,“ изјави членот на Управниот совет Јоахим Нагел.
20.03.2026
Екстремно сценарио на ЕЦБ: Инфлација во еврозоната од 6,3 отсто
Evropska centralna banka procenjuje da bi inflacija u evrozoni mogla naglo ubrzati do 6,3 odsto početkom 2027. godine u slučaju ozbiljnog poremećaja u snabdevanju energijom usled razvoja događaja u Iranu, dok bi takav scenario istovremeno gurnuo blok u kratkotrajnu recesiju.
19.03.2026
ЕЦБ одново ги задржа каматите, но војната во Иран ја менува играта
Европската централна банка ги замрзна каматите, но предупредува дека војната на Блискиот Исток може да донесе нов бран поскапувања и економска неизвесност.
19.03.2026
ЕЦБ двапати ќе ја зголеми депозитната камата оваа година
Трговците пресметуваат две зголемувања на каматните стапки од Европската централна банка оваа година, откако нападот врз иранските енергетски капацитети повторно ги разбуди стравувањата од скок на инфлацијата.
18.03.2026
Креаторите на монетарната политика, вклучувајќи го и претседателот на Бундесбанк, Јоаким Нагел, сигнализираа дека ЕЦБ можеби ќе мора да размисли за зголемување на трошоците за задолжување на следниот состанок за политиката, бидејќи растечките цени на енергијата почнуваат да се пренесуваат на инфлацијата. Вујчиќ останува отворен за таа опција.
„Во денешниот свет, сè уште има многу време до април“, рече тој. „Ќе има многу нови податоци и вести“, а „во вакви ситуации, сè е отворено“.
Новите проекции на ЕЦБ покажуваат дека потрошувачките цени во еврозоната ќе пораснат за 2,6 проценти оваа година во основното сценарио, значително повеќе отколку што се сметаше претходно. Во екстремно сценарио, каде што би продолжиле прекините во снабдувањето со нафта и природен гас, инфлацијата би достигнала 6,3 проценти.
Bloomberg Mercury
Bloomberg Mercury
Иако „вредноста на опцијата да се чека малку подолго во моментов е висока“, Вујчиќ рече дека „веќе се оддалечуваме од основното сценарио кон најлошите сценарија“.
Тој гледа две опции ако ЕЦБ одлучи дека се потребни повисоки каматни стапки: да се започне порано и да се спроведат последователни мали зголемувања, или да се започне малку подоцна и стапките да се зголематво поголеми чекори.
„Подобро е да се започне со помал чекор, а потоа да се следи што ќе се случи“, рече Вујчиќ. „Би рекол дека е прерано да се каже засега, но наскоро ќе знаеме дали ќе мора да дејствуваме или не“, додаде тој.
Пазарите очекуваат дури три зголемувања на депозитната стапка од 0,75 процентни поени оваа година од сегашното ниво од 2 проценти. Економистите сè повеќе ја прифаќаат идејата дека затегнувањето е неизбежно, предвидувајќи го првото од двете зголемувања во април или јуни.
„Не мислам дека едно или две зголемувања би нанеле голема штета на економијата“, рече Вујчиќ. „Но, мора да се запрашате дали се неопходни или не, бидејќи некои би рекле дека едно или две намалувања нема многу да ѝ помогнат на економијата.“
Што велат другите креатори на политиките на ЕЦБ:
Олаф Слејпен (Холандија)
„Она на што обрнуваме многу внимание се потенцијалните ефекти од втор круг“, им рече тој на новинарите во Амстердам. „Излегувавме од период на ниска инфлација во 2022 година и сите мораа да се навикнат на феноменот на инфлација. Сега учесниците на пазарот се сè повнимателни, па затоа е поверојатно дека шокот ќе се прошири побрзо низ економијата отколку пред четири години, што бара дополнителна претпазливост.“
„Секако постои ризик“ од стагфлација, додаде тој. „Колку е веројатно, не знам. Толку е неизвесно. Нестабилноста на цените на нафтата и гасот е огромна.“
Мартин Кохер (Австрија)
„Важно е многу внимателно да се следат“ ефектите од втор круг, им рече тој на новинарите во Виена. „Тоа е она што влијае на долгорочниот тренд на инфлација. Нашата цел е да достигнеме инфлација од два отсто на среден рок.“
Мартинс Казакс (Латвија)
„Ако видиме дека навистина постои ризик инфлацијата да почне да се прелева од енергетиката кон другите сегменти“, тогаш „секако дека нема да одложуваме и ќе ги зголемиме каматните стапки“, изјави тој за веб-страницата „Делфи“. „Можеме ли да заклучиме дека тоа е веќе во април? Ќе видиме. Април е многу блиску.“
„Финансиските пазари ги очекуваат тие две зголемувања. До крајот на годината, околу 50 базични поени“, додаде тој. „И дали тоа е веројатно сценарио? Сосема е можно. Но, дали ќе се случи, ќе видиме. Бидејќи не знаеме колку долго ќе трае конфликтот, ниту каква ќе биде цената на нафтата.“
Ставовите на трговците речиси сигурно имплицираат одредена трајна штета на енергетската инфраструктура во Персискиот Залив и продолжено затворање на Ормускиот теснец, дури и откако претседателот Доналд Трамп во понеделникот ги одложи најавените напади врз иранските енергетски објекти за пет дена додека траат преговорите.
„Деескалацијата на конфликтот, отворањето на Ормускиот теснец би била одлична вест што сигурно би го намалила инфлацискиот притисок, а со тоа и можноста за зголемување на каматните стапки“, рече Вујчиќ.
Доколку ЕЦБ се соочи со повисоки цени и послаб раст поради продолжена војна, фокусот ќе треба да биде јасен, предупреди тој.
„Нашиот мандат е многу јасен - тоа е единствен мандат за стабилност на цените“, рече тој. Иако побавниот раст обично врши притисок врз цените, „ќе мора да водиме политика што ќе ја одржи инфлацијата на два проценти“.
Вујчиќ рече дека сегашната ситуација е различна од 2022 година, кога руската инвазија на Украина ја турна инфлацијата на рекордни 10,6 проценти. Но иако шансите за секундарни ефекти сега се помали, ЕЦБ е на готовс.
„Ги научивме лекциите од 2022 година“, рече тој. „Во нашата ажурирана стратегија за монетарна политика за 2025 година, јасно ставаме до знаење дека овие видови шокови од страната на понудата исто така бараат одговор на монетарната политика ако не се краткотрајни. И мислам дека наскоро ќе имаме појасна слика за тоа“.