text size
Европската централна банка (ЕЦБ) ја задржа референтната каматна стапка непроменета на ниво од два отсто шести состанок по ред, во услови на зголемена неизвесност околу економските последици од војната во Иран врз инфлацијата и економскиот раст во еврозоната. Одлуката беше очекувана од сите аналитичари, а креаторите на монетарната политика повторно нагласија дека ќе продолжат да одлучуваат од состанок до состанок, врз основа на пристигнатите економски податоци, без однапред да даваат насоки за идните чекори.