Креаторите на политики на Европската централна банка треба да бидат внимателни и да избегнуваат големи или мали потези во следните одлуки за каматните стапки, смета членот на Управниот совет Јанис Стурнарас.
Секоја одлука ќе се заснова на податоци „токму затоа што стигнавме блиску до врвот, блиску до максималното зголемување“, рече Стурнарас пред состанокот на ЕЦБ во мај.
„Блиску - не реков дека сè уште сме го достигнале, но се приближуваме кон тоа“, рече тој на телевизијата ЕРТ.
Прочитај повеќе

Инфлациските очекувања во САД на најниско ниво од 2021 година
Претседателот на ФЕД, Џером Пауел, ја истакна важноста да се држат под контрола инфлациските очекувања
22.04.2023

Нагорна ревизија: Се очекува инфлација од 10,4 проценти во 2023
Стабилизирање се очекува во 2024 година за кога се предвидува просечна стапка на инфлација од 5,5 проценти
22.04.2023

Виско: ЕЦБ мора да внимава на ризиците од зараза и кредитно забавување
ЕЦБ треба да постапува многу претпазливо со секое идно зголемување на каматните стапки, смета Виско.
21.04.2023

ЕЦБ гледа уште „мал пат“ во борбата против инфлацијата
Претседателката на ЕЦБ рече дека има уште работа за да се спречи раст на потрошувачките цени.
20.04.2023

Де Кос: ЕЦБ е подготвена да продолжи со покачување на каматните стапки
Големината на следната корекција на каматите ќе зависи од дојдовните податоци и инфлацијата.
19.04.2023
Додека ЕЦБ се очекува дополнително да ги зголеми стапките на 4 мај, официјалните лица се претпазливи во однос на давање прецизни предвидувања за тоа колкаво би било зголемувањето. Креаторите на политиките ќе ги добијат клучните податоци за инфлацијата и банкарските заеми два дена пред да се сретнат.
Инфлацијата во еврозоната престана да расте од октомври, кога беше околу 10 проценти, рече Стурнарас, кој ја предводи Банката на Грција.
„Очекуваме забавување од близу 3 проценти на крајот на годината и уште повеќе во 2024 година“, рече тој.