text size
Стапката на инфлација во Европската унија во јуни, годинава изнесува 6,4 проценти, што е намалување во однос на истиот месец минатата година кога таа изнесуваше 9,6 проценти, покажуваат податоците на Еуростат. Растот на цените во ЕУ падна и во однос на мај, годинава кога стапката на инфлација изнесуваше 7,1 проценти.