Инфлацијата во еврозоната најверојатно ќе забави овој месец на најниско ниво од јули 2021 година, смирувајќи ги претставниците на Европската централна банка (ЕЦБ) кои сакаат да видат дали нивната построга монетарна политика вроди со плод.
Потрошувачките цени ќе се зголемат за 2,7 отсто во ноември во однос на претходната година, според просечната прогноза во истражувањето на „Блумберг“ меѓу економистите. Исто така, се очекува дека базичната инфлација, која ги исклучува нестабилните елементи како што е енергијата, повторно ќе ослабне.
Бројките следниот четврток ќе бидат последен увид во состојбата на економијата пред одлуката на ЕЦБ на 14 декември, кога официјалните лица, вооружени со нови проекции кои досегаат до 2026 година, најверојатно ќе ги задржат каматните стапки на истото ниво втор состанок по ред.
Прочитај повеќе
ЕЦБ нема да ги зголеми каматите освен ако нема некое изненадување
ЕЦБ е посветена да ја доведе инфлацијата до целта од два проценти до 2025 година.
23.11.2023
Пазарите преоптимистички очекуваат намалување на стапките на ЕЦБ
Инвеститорите премногу оптимистички шпекулираат кога ЕЦБ ќе почне да ги намалува трошоците за задолжување, смета Гедиминас Симкус.
21.11.2023
Намалувањето на стапката на ЕЦБ во скоро време е „многу неверојатно“
„Засега е рано да се прогласи победа над инфлацијата“, вели претседателот на Бундесбанката
17.11.2023
Претседателката на ЕЦБ, Кристин Лагард, во петокот рече дека централните банкари сега можат „внимателно да следат“ додека проценуваат колку долго да ги задржат високите трошоци за задолжување - и да одлучат дали следниот чекор е „нагоре или надолу“.
Иако целта им е да ја вратат инфлацијата на два отсто, мерката што најмногу ја следат е т.н основна мерка. Таа моментално е повисока, но и забавува. Економистите прогнозираат резултат од 3,9 отсто, што е најниска бројка во период од околу една и пол година.
Креаторите на монетарната политика предупредија дека може да има привремено закрепнување на инфлацијата во наредните месеци поради ефектите од споредбите од година во година во податоците, иако преовладувачката насока е надолна.
Податоците ќе дојдат по серија национални податоци во среда и четврток за кои во голема мера се очекува да покажат синхронизиран пад во големите економии, иако на различни нивоа.
Додека шпанската инфлација веројатно ќе забрза, во Франција се очекува слабеење на 4,1 отсто, а за Германија се предвидува и пониска бројка од 2,6 отсто.
Економистите очекуваат италијанскиот раст на цените значително да забави, под целта на ЕЦБ, на 1,1 отсто.
Веќе во октомври стапката на инфлација таму беше трета најниска во еврозоната, по Белгија и Холандија. Со оглед на тоа како италијанските политичари често ја критикуваат ЕЦБ, можно е таквите бројки да предизвикаат повици за намалување на каматните стапки.
Што велат од „Блумберг економикс“...
„Со инфлација што ќе се опорави во декември, како резултат на основните ефекти од германските енергетски субвенции, очекуваме засега централната банка да остане претпазлива во дискусиите за можно намалување на каматните стапки“.
Иако инвеститорите веќе се обложуваат на намалување на трошоците за задолжување во првата половина на следната година, централната банка инсистира дека, откако достигна само 4 отсто во септември, нема изгледи за намалување во скоро време.
„Битката не е завршена и ние сигурно не прогласуваме победа“, рече Лагард во петокот.