text size
Европската централна банка (ЕЦБ) повторно не ги промени стапките, иако ова може да биде последен состанок на централните банкари на еврозоната на кој е донесена ваква одлука. Повеќето аналитичари очекуваат прво намалување на каматните стапки во јуни, додека ЕЦБ исто така заседава во мај, но на состанокот што ќе се одржи во Ирска нема да се одлучува за монетарната политика.