Инфлацијата во Швајцарија неочекувано забави - сигнализирајќи им на претставниците на швајцарската народна банка дека две последователни намалувања на каматните стапки се добар потег.
Стапката на инфлација во јуни падна на 1,3 отсто, покажаа официјалните податоци објавени во четвртокот. Тоа е помалку од 1,4 отсто во мај, но и помалку од очекувањата на аналитичарите анкетирани од „Блумберг“ (Bloomberg).
За забавувањето придонесе намалувањето на цената на стоките за 0,2 отсто, а цените во услужниот сектор скокнаа за 2,4 отсто на годишна основа.
CHFEUR:CUR
CHF-EUR X-RATE
1,0283 EUR
+0,0031 +0,02%
почетна цена
1,0285
претходна цена на затворање
1,0281
промена од почетокот на годината
-4,4771%
дневен опсег
1,00 - 1,00
опсег на 52 недели
1,01 - 1,08
Базичната инфлација забави на 1,1 отсто, иако аналитичарите анкетирани од „Блумберг“ очекуваа дека овој показател ќе се забрза во јуни.
Швајцарскиот франк падна за 0,3 отсто во однос на еврото по објавувањето на податоците, па едно со евро може да се купат 0,9753 франци, што е најниско во изминатите 30 дена.
Швајцарската централна банка (СНБ) на претходните две средби ги намали каматните стапки во земјата, со што циклусот на монетарно олеснување го започна пред големите светски централни банки. Референтната каматна стапка сега е 1,25 отсто, а економистите очекуваат и ново намалување, иако не е јасно дали тоа ќе дојде во септември или декември.
Централните банкари очекуваат дека инфлацијата малку ќе се забрза во третиот квартал, но дека потоа ќе продолжи да забавува и дека до 2026 година ќе достигне еден процент. Без намалување на каматните стапки, инфлацијата би забавила уште порано.
Швајцарија има една од најниските стапки на инфлација во Европа. Податоците од еврозоната покажуваат дека цените таму пораснале во просек за 2,5 отсто на годишно ниво.